ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Арсовска само што откри: Ќе формираме партија – има многу луѓе со...

Арсовска само што откри: Ќе формираме партија – има многу луѓе со мене, ОВА се деталите

85

Она за што веќе некое извесно време се шпекулираше во јавноста вчера на некој начин доби потврда. Во нејзиното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека се во процес на формирање на партија.

Идејата за формирање на партија настана веднаш после “раскинот“ со ВМРО-ДПМНЕ, а проценките се дека таа ужива голема поддршка кај граѓаните, граѓанскиот сектор и неопределените гласачи.

„Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некои од политичарите, на некои од оваа корумпирана политичка елита, кај нас напредок нема да има. И ако можам јас сама, како индивидуалец, да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе што ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓаните, дека ќе може да покажам повеќе“, вели Арсовска.

Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни

ПретходнаБеким Незири и во времето кога ДУИ биле со ВМРО-ДПМНЕ истепал колега – потоа го избркал и од работа
СледнаЛета ли магарето? Лета. Добро, ти си за во Контрола на летови