ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лета ли магарето? Лета. Добро, ти си за во Контрола на летови

Лета ли магарето? Лета. Добро, ти си за во Контрола на летови

68

Случувањата во Контролата за летање се ептен загрижувачки. Се допира ли дното до кое не водат партизираните институции?

Еј, група насилници непречено упадна во објект кој би требало да е строго чуван. Имало и физичка пресметка со контролори кои во тој момент го чуваат македонското небо и управуваат со многуте авиони кои летале над Македонија.

А што бил поводот за да се случи инцидентот? Партиски вработувања.

Страшно. Алармантно. Опасно.

Македонија е заробена држава од политичари насилници. Тоа веќе и од авион се гледа, па затоа веројатно и сакаат да стават „шепа“ и на Контролата за летови. Така лесно ќе даваат навигации како авионот да се мафне од „нивното партиско“ небо.

Владата ја смирува јавноста:

-Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај, стои во соопштението.

Воедно, Владата информира дека на следната седница, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе предложи „целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени“.

Зошто ќе се реагира дури по 4 дена? Не е ли ова повод за итна седница на Владата?

Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.

ПретходнаАрсовска само што откри: Ќе формираме партија – има многу луѓе со мене, ОВА се деталите
СледнаСе огласи и директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди – едно НЕШТО сите ги заинтересира