ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Пристигнуваат страотни сцени од Јапонија, бројот на жртви расте од минута...

(ВИДЕО) Пристигнуваат страотни сцени од Јапонија, бројот на жртви расте од минута во минута

131

Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Јапонија се искачи на 30. Најмногу луѓе загинаа во градот Ваџима, во префектурата Ишикава – 15.

Спасувачките операции продолжуваат, отежнати од тековните последователни потреси и оштетувања на патиштата.

Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.

Утринава снимка од јавниот сервис НХК покажува седумкатница која се урна и од неа се издига чад, во централниот дел на Ваџима.

Предупредувањата за цунами за областите долж брегот на Јапонското Море беа укинати утринава, откако највисокиот бран од околу 1,2 метри стигна до пристаништето Ваџима во понеделникот вечерта.

Земјотресот предизвика штети и во префектурите Нигата, Тојама, Фукуи и Гифу.

ПретходнаГолема трагедија ја потресе Македонија на првиот ден од 2024 година: Млада маж падна во својот дом – не успеа да преживее
СледнаВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Лидерот на опозицијата прободен со нож во врат – страотна вест ја потресе Јужна Кореја