ПОЧЕТНА СВЕТ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Лидерот на опозицијата прободен со нож во врат – страотна...

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Лидерот на опозицијата прободен со нож во врат – страотна вест ја потресе Јужна Кореја

165

Лидерот на јужнокорејската опозиција, Ли Јае Мјунг беше избоден со нож за време на јавен настап.

Инцидентот се случил кога Ли одговарал на прашања на новинарите по посетата на градилиштето за нов аеродром на југоисточниот остров Гадеок. Островот е дел од крајбрежната метропола Бусан.

-Ли паднал на земја со раскрвавена рана на вратот, објавија јужнокорејските радиодифузери. Тој бил пренесен во болница откако на местото на настанот му била укажана прва помош.

Корејските медиуми објавија дека политичарот бил свесен. Осомничениот напоаѓач е упасен на местото на настанот.

Ли беше тесно поразен од претседателот Јун Сук Јеол на претседателските избори во март 2022 година.