ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Деталите се грозоморни: Вања била убиена со истрел во главата, потврди обдукцијата...

Деталите се грозоморни: Вања била убиена со истрел во главата, потврди обдукцијата – открива „Скопје1“

163

Извештајот од одбукцијата на Судска медицина покажува дека истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, јавува порталот „Скопје1“ повикувајќи се на неофицијални информации од Судска медицина. Според порталот, истрелот бил во пределот на главата.

Засега не е познато со какво оружје е пукано, бидејќи одговор на тоа ќе треба да даде вештачењето на куршумот.

Наодите од Судска медицина во Јавното обвинителство пристигнаа во петокот, иако обдукцијата на нејзиното тело беше направенa 17 дена претходно. Меѓутоа, од ОЈО не дадоа никакви дополнителни информации, ниту за точното време на смртта на малата Вања, ниту за начинот на кој таа беше убиена. Единствено, претходно беше напоменето дека не станувало збор за „обична обдукција“.

Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“ од Судска медицина, истрелот кон Вања бил во пределот на главата. Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот.

Наодите од Судска медицина би можеле да бидат клучен доказ во постапката, но од Јавното обвинителство веќе кажаа дека тие нема да бидат објавени јавно за да не наштетат на истрагата.

Претходно, шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски кажа дека во досегашната истрага материјалните докази ги потврдуваат и исказите од осомничените во случајот.

Согласно доказите, меѓу кои е и обдукцијата на Вања Ѓорчевска, ќе се утврди натамошниот тек на истрагата. Ќе се издаваат дополнителни наредби за обезбедување на материјали, вештачења, испитувања на лица кои можеби имаат некакви сознанија. Меѓудругото, наодот може да биде и клучен за квалификацијата на кривичните дела за кои ќе се гонат сега осомничените.

За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец.

Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

ПретходнаВОНРЕДНО обраќање на Вучиќ доцна вечерва – ГЛЕДАЈТЕ што има да каже претседателот на Србија
СледнаРАНО УТРИНАВА: Земјотрес во Скопје – многумина не спиеја мирно, ова се деталите