ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Џафери пресече: Ако партиите не соберат КВОРУМ, јас сам ЌЕ ДОНЕСАМ ОДЛУКА...

Џафери пресече: Ако партиите не соберат КВОРУМ, јас сам ЌЕ ДОНЕСАМ ОДЛУКА – нема да чекам

128

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека доколку политичките партии не постигнат консензус за датумите за изборите тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори.

Џафери смета дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.

На новинарско прашање во однос на тајминзите за распишување на избори, Џафери појасни дека политичките партии кои се во Собранието имаат можност до нова година да најдат консензус по однос на двата термина за двата изборни процеси, парламентарни и претседателски. Тој нагласи дека двата изборни процеси се разликуваат и по уставните и законски рокови, редовноста и спроведување на постапката.

– Во крајна инстанца, моја уставна и законска надлежност и обврска е да водам сметка за термините за спроведување избори коишто би биле во рамки на уставните и законските рокови. Партиите имаат можност да се усогласат и да кажат кога ќе бидат подготвени да учествуваат, а моја обврска е да спроведам, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој смета дека треба да се води сметка за повторување на поединечни места од вториот круг доколку тие резултати влијаат на конечниот исход на избори. За парламетарните избори тој напомена дека тие треба да се спроведат во рамките на последните 90 дена од мандатот на актуелниот состав.

Претходна„Гоце Делчев, Даме Груев….Алабаковски“ – Игор Џамбазов го прогласи Ламбе за ХЕРОЈ (ВИДЕО)
СледнаДеветмина ученици се заразени со салмонела во три основни училишта во Карпош