ПОЧЕТНА СВЕТ Утрово страотна вест ги разбуди сите: Од минута во минута расте бројот...

Утрово страотна вест ги разбуди сите: Од минута во минута расте бројот на загинати – до сега 116 лица во страшниот земјотрес во Кина

96

Видео кое го коментира цела Македонија: Дива свиња шета слободно во Делчево

Најмалку 116 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите.

Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу.

Досега е потврдена смртта на 105 лица во овој регион. Најмалку 11 лица загинале во соседната провинција Кингхаи.

Оштетени се инфраструктурата и зградите, а во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода. На некои места возовите не сообраќаат. Во провинцијата Гансу се оштетени над 4.

700 згради. Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди голема операција за пребарување и спасување со цел да им се помогне на луѓето во погодените области.

Времето во подрачјето на земјотресот е ладно, со температура од минус 14 степени Целзиусови

ПретходнаСтрашна вест се прошири пред неколку моменти: Се сруши училиште, има деца затрупани – спасувачите на терен бараат преживеани во Романија
СледнаНа големиот празник Свети Никола: Земјотрес го стресе Скопје – познато каде е епицентарот и која е јачината