ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сашко Кедев: На врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“...

Сашко Кедев: На врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“ се отвораат нови перспективи за животот

117

Познатиот кардиолог, но и голем македонскиот планинар и алпинист, Сашко Кедев, во малата сала на македонската филхармонија одржа презентација по повод искачувањето на три врва годинава над 8.000 метри на Хималаите. Кедев успеа да се искачи на врвовите Анапурна1 (8.091метри), на Нанга Парбат (8.126) и на Чо Оју (8.188). Од вкупно 14 врвови на над 8.000 метри, Кедев има искачено дури осум.

Другите пет кои ги искачил се највисокиот на светот, Монт Еверест (8.848) во 2009-та, Манаслу (8.163) во 2021-та, и Далагири (8.167), К2 (8.611) и Броад Пик (8.051) во 2022 година.

– Планините се свети места, а искачувањата на врвовите над 8.000 метри, во т.н. „зона на смртта“ отвораат нови перспективи за значењето на животот, истакна Кедев.

Кедев потенцира дека искачувањата никогаш не треба да станат опсесија, како и тоа оти искачувањето на големите височини многу зависи од временските услови кои можат за миг драстично да се променат.

Повеќе прочитајте во продолжение на Скопско ехо – клик ТУКА.