ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СНЕГ трупа на сите страни во Македонија: Еве каде е најкритично –...

СНЕГ трупа на сите страни во Македонија: Еве каде е најкритично – има и ЗАБРАНИ за возење

144

Снег трупа на сите страни во Македонија, во некои делови заедно со дожд, а негде само снег.

Ситуацијата на терен е крајно драматична, поради што се бара внимателност од возачите во сообраќајот.

Забрана за тешки товарни возила попладнево е воведена на неколку патни правци.

Како што соопшти АМСМ, од 15:45 се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево.