ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Селекторот Ашаданов со јасна порака: Гостинот ќе биде голема мотивација за нас...

Селекторот Ашаданов со јасна порака: Гостинот ќе биде голема мотивација за нас – ќе се бориме до крај

46

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Скопје ќе ги одмери силите со Србија, во натпревар од второто коло од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Во првиот дуел, нашите репрезентативки беа поразени на гостувањето кај Португалија со 65:52, но резултатот не ја покажува сликата на терен, затоа што особено во првите три четвртини, средбата беше во егал.

Вечерва во Скопје гостува Србија, која е апсолутен фаворит и во првиот дуел од групата забележа убедлива победа над Украина.

Селекторот Александар Ашаданов пред денешниот дуел е свесен дека голем фаворит е гостинот, но порача дека нашата селекција нема да се откаже и на терен нема да излезе со бело знаме.

-Јасно е дека Србија е голем фаворит во нашата група. Ние сепак ќе се обидеме да се прикажеме во најдобро светло. Имаме мали проблеми во составување на тимот поради повреди, но сите кои ќе излезат на теренот ќе го дадат својот максимум, вели Ашаданов, кој има поинаков пристап кон репрезентацијата и се обидува на играчите да им наметне победнички дух.

Во комбинација за овој дуел нема да биде Александра Стојановска, додека под знак прашалник се Нена Трајчевска и Матеа Николиќ.

Средбата се игра во СРЦ „Кале“, од 18 часот, а влезот е слободен. Оние кои нема да бидат во можност да дадат поддршка од трибини, ќе можат да го следат дуелот на директен пренос на Спортклуб 1 ХД.

ПретходнаЛошата вест се прошири – Тргнал на лов, излетал од патот: Сообраќајна несреќа во која тешко ПОВРЕДЕН е министерот за одбрана на Хрватска
СледнаПрофесорка од САД имала секс со 14-годишен ученик повеќе од 20 пати: Уапсена е, се стравува дека има повеќе жртви во училиштето