ПОЧЕТНА СВЕТ Професорка од САД имала секс со 14-годишен ученик повеќе од 20 пати:...

Професорка од САД имала секс со 14-годишен ученик повеќе од 20 пати: Уапсена е, се стравува дека има повеќе жртви во училиштето

114

Американците ја уапсија Мелиса Мари Кертис (31) за случај стар осум години. Откриено е дека овој предатор имал врски со ученик кој тогаш имал 14 години, а таа му била учителка. Таа тогаш имала 23 години и штотуку почнала да работи во училиштето, пренесува „24sata“.

Случајот бил отворен откако возрасен маж пријавил во полиција. Не е јасно дали го пријавила жртвата или некој од неговото семејство. „New York Post“ пишува дека Мелиса го завела ученикот додека работела во училиште во Монтгомери.

Тоа траело неколку месеци во 2015 година. Таа наводно му давала алкохол и марихуана, спиела со него повеќе од 20 пати, имале односи во нејзината и неговата куќа, во автомобил, па дури и во училиште.

Наводно го допирала непримерно и во кино.

Полицијата стравува дека меѓу учениците може да има уште жртви на професорката, па ги повикала сите кои имале слични искуства со оваа учителка веднаш да се јават кај нив, пренесува „24sata.hr“.

Мелиса е во притвор откако се предала и чека рочиште за кауција.

Таа се соочува со неколкугодишна затворска казна поради сексуална злоупотреба на малолетник.

ПретходнаСелекторот Ашаданов со јасна порака: Гостинот ќе биде голема мотивација за нас – ќе се бориме до крај
СледнаГолема ТРАГЕДИЈА ја потресе Македонија: Почина новороденче од Прилеп на Детската клиника во Скопје