Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.
Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Јапонија се искачи на 30. Најмногу луѓе загинаа во градот Ваџима, во префектурата Ишикава – 15.
Спасувачките операции продолжуваат, отежнати од тековните последователни потреси и оштетувања на патиштата.
Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.
Утринава снимка од јавниот сервис НХК покажува седумкатница која се урна и од неа се издига чад, во централниот дел на Ваџима.
Предупредувањата за цунами за областите долж брегот на Јапонското Море беа укинати утринава, откако највисокиот бран од околу 1,2 метри стигна до пристаништето Ваџима во понеделникот вечерта.
Земјотресот предизвика штети и во префектурите Нигата, Тојама, Фукуи и Гифу.