Министерот за одбрана Марио Баножиќ, кој утрово учествувал во сообраќајната несреќа кај Винковци во која загина едно лице, поради сериозноста на повредите ќе биде префрлен во КБЦ Осиек.
Ова го потврдија од болницата Винковци, каде Баножиќ бил хоспитализиран по несреќа, пишува Index.hr.
Од болницата не соопштуваат со какви повреди се здобил министерот Баножиќ, но дека повредите се посериозни и дека во текот на денот ќе биде пренесен од Винковци во КБЦ Осиек на понатамошно лекување.
Сообраќајната несреќа се случила на излезот од Винковци, а заедно со министерот кој бил во неговиот личен автомобил, во несреќата учествувал и возачот на комбето кој починал. Министерот наводно тргнал на лов.
По несреќата Баножиќ бил пренесен во болницата во Винковац каде му била укажана помош.
Во тек е истрага која ја води заменикот на Жупаниското државно обвинителство од Вуковар.