ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Мајка во Газа ги влечела своите деца 14 километри – додека...

(ВИДЕО) Мајка во Газа ги влечела своите деца 14 километри – додека околу нив паѓале гранати

107

Благодарение на палестинскиот новинар Мотаз Азаиза, повеќе од 13 милиони луѓе кои го следат на Инстаграм имаат увид во трагичното секојдневие со кое луѓето од Газа се справуваат повеќе од еден месец.

Жителите на Газа почнаа масовно да ја напуштаат областа за да се обидат да избегаат од немилосрдните израелски напади.

Бескрајна колона од деца, жени и стари лица се движи по улицата Салах-ал Дин кон југот на земјата.

Покрај снимките од смрт, болка, патење и страдање, Мотаз се обидува во своите видеа да ја прикаже храброста на палестинскиот народ и силата и волјата за живот што не го напушта ниту во најлошите моменти.

На својот Инстаграм профил сега објави видео на кое може да се види како мајка ги влече своите две деца на седишта за автомобил додека носи големи торби на грбот.

„Супер мајка. Ги влечеше своите две деца повеќе од пет часа, дури 14 километри. Од брегот на Газа до средината на областа“, напиша Мотаз со видеото кое собра речиси милион лајкови.

Претходна(Видео) Хаос каков што не се памети: Албански пратеник активира димни бомби во парламентот
СледнаЛошата вест се прошири – Тргнал на лов, излетал од патот: Сообраќајна несреќа во која тешко ПОВРЕДЕН е министерот за одбрана на Хрватска