ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

69

Турските власти во полицјска акција наречена „БОЗДОГАН-27“ приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во Истанбул, Ескишехир, Измир и Кајсери, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

На медиумската платформа „Икс“ на која е објавено и видео од акцијата Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

„Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

ПретходнаВо четирите општини на референдумот во северно Косово до 11 часот гласале 85 лица
СледнаДИК ги дистрибуира гласачките лифчиња, утре ќе ја достават и опремата за гласање