ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДИК ги дистрибуира гласачките лифчиња, утре ќе ја достават и опремата за...

ДИК ги дистрибуира гласачките лифчиња, утре ќе ја достават и опремата за гласање

24

Од печатница до 80 општинските изборни комисии се дистрибуираат гласачките ливчиња за претседателските избори. Дистрибуцијата стартуваше од Битола, а во текот на денот ќе се врши на 17 определени рути. Со строги протоколи во присуство на претседателот и членовите на ДИК се предава доверливиот материјал.

Од утре ќе се доставуваат и уредите за биометриска идентификација. Од ДИК велат дека сите апарати се проверени.

Отпечатени се вкупно 1 814 000 ливчиња за овие избори, онолку колку што се евидентирани гласачи во изборниот список.

Само за дистрибуција на материјалот за гласање, од печатница до сите ОИК и МНР, државата ќе ја чини 8 милиони денари. Овој договор ДИК го склучил со Колпортер ДОО Скопје, а тие биле задолжени со банкарска гаранција во висина од 10 отсто од вредноста на договорот.

ПретходнаВо Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“
СледнаЦУК интервенирал, спасен овчар заглавен со стадото овци среде реката Црна