ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Арсовска ја претвори Владата во џунгла, Џафери вели од Град Скопје не...

Арсовска ја претвори Владата во џунгла, Џафери вели од Град Скопје не ја искосиле тревата

127

Техничкиот премиер Талат Џафери на денешната прес-конференција на новинарско прашање во врска со тоа кој дозволи Владата да обрасне со висока трева одговори дека тоа не е слика што треба да се види, но додаде дека тоа е во надлежност на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. Џафери посочи дека тие се незадоволни од неработењето на оваа институција, а од Арсовска незадоволни се и граѓаните што го покажаа резултатите на парламентарните избори.

„Ова не е слика што треба да ја имаме за Владата, но тревата е во надлежност на Град Скопје. Ние не сме задоволни од тоа што дворот е неуреден, но Владата не може да одвои средства за тоа бидејќи тоа не е во наша надлежност. А за Град Скопје и за градоначалничката одговор дадоа и граѓаните, а тоа го покажаа резултатите од нејзината партија во што секако се гледа незадоволството и на граѓаните“, одговори Џафери.

ПретходнаАтина ќе ја слуша заклетвата на Силјановска
СледнаСилјановска Давкова доби честитка од Зеленски