ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Атина ќе ја слуша заклетвата на Силјановска

Атина ќе ја слуша заклетвата на Силјановска

148

Секој потег на новите власти во Скопје ќе се следи многу внимателно, вели и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис.

Атина внимателно го очекува однесувањето на новите власти во Скопје околу почитувањето на Преспанскиот договор и уште сега го калибрира својот одговор доколку е нарушен, особено при употребата на името Северна Македонија.

Во два авторски текста во „Катимерини“, весник близок до владејачката Нова демократија, се наведува дека Атина ја чека заклетвата на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата, а потоа и програмските определби на новата влада.

Доколку новите власти во Македонија скршнат од патот на Преспанскиот договор прво се очекува дипломатска реакција, а потоа можеби и друга, особено што ова е предизборен период во Грција поради европските избори па поради настаните со новите македонски власти грчката влада да биде силно притисната.

Во првиот текст на одличниот познавач на регионот и на грчко-македонските односи, Ставрос Ѕимас, се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ „мутирала во проевропска политичка организација од десниот центар или ќе продолжи по патот на национал-популизмот и авторитарното владеење на сега бегалецот поранешен лидер и премиер, Никола Груевски.

„Нејзините идеолошки координати се чини дека не се променети. Одбраната на неизвалканата идеологија на ‘македонизмот’ сè уште е столбот на постоењето на партијата, како и нејзината декларирана проевропска, прозападна ориентација – оттука и нејзините блиски односи со германската ЦДУ и Европската народна партија.

ПретходнаСали Бериша им ја честита победата на Мицкоски и Сиљановска Давкова
СледнаАрсовска ја претвори Владата во џунгла, Џафери вели од Град Скопје не ја искосиле тревата