ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мисајловски: Нема да има заборавени, ќе се вложува и инвестира во секое...

Мисајловски: Нема да има заборавени, ќе се вложува и инвестира во секое населено место

26

-Во Горно Оризари ќе има многу проекти и на жителите овде ќе им овозможиме нормални и подобри услови за живот. Промените во твои раце. Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски денес е во посета на општина Шуто Оризари.

Тој прво испрати порака од кафе дружбата со пријателите во Шутка, а со него во придружба беше и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

-Продолживме на средба со граѓаните на Горно Оризари, Општина Шуто Оризари и посета на црквата Св.Петка. Граѓаните на Горно Оризари живеат во лоши услови, локалната и централната власт без слух за нивните проблеми и барања, оставени сами на себе. Затоа со нивната поддршка и победата на ВМРО-ДПМНЕ на 8ми мај, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жителите заедно ќе ги решаваме, напиша Мисајловски.

Тој порача дека нема да има заборавени места, ќе се вложува и инвестира во секое населено место.

-Во Горно Оризари ќе има многу проекти и на жителите овде ќе им овозможиме нормални и подобри услови за живот. Промените во твои раце. Македонија повторно твоја, порача Мисајловски.

Претходна(ФОТО) Во МРТ се снима предизборното соочување со сите кандидати за шеф на државата
СледнаЗа малку избегната голема трагедија на Ф1 трката во Кина