ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Во МРТ се снима предизборното соочување со сите кандидати за шеф...

(ФОТО) Во МРТ се снима предизборното соочување со сите кандидати за шеф на државата

81

Во јавниот сервис во моментов се снима предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата. Дебатата ќе се емитува вечерва од 20 часот на МРТ 1. Во рамките на овој текст, објавуваме и неколку фотографии од снимањето.

Како што објавивме вчера, сите претседателски кандидати ја прифатиле поканата за учество во дебатата: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски и Максим Димитриевски.

Домаќин е Стојан Трпчевски, уредник на Информативната програма на МРТ 1.

„Привршуваат собирите и митинзите на кандидатите за шеф на државата. Тие си го кажаа своето пред нивното членство и пред активистите. Но, што имаат да си кажат еден со друг, дирекно, очи в очи. Македонската телевизија упати покана до сите седум претенденти за кабинетот во Вила Водно“, се наведува во објавата на интернет-страницата на МРТ.

ПретходнаЦУК интервенирал, спасен овчар заглавен со стадото овци среде реката Црна
СледнаМисајловски: Нема да има заборавени, ќе се вложува и инвестира во секое населено место