ПОЧЕТНА СВЕТ Се симнала од автобус 23-ка и ѝ се губи секаква трага: Мистериозно...

Се симнала од автобус 23-ка и ѝ се губи секаква трага: Мистериозно исчезна 34 годишната Ана – регионот на нозе

1277

Ана Личник (34) од Белград исчезнала во неделата на 24 март. Таа патувала со јавен превоз, а по симнувањето од автобусот број 23 ѝ се губи секаква трага.

Меѓутоа, во автобусот ја заборавила чантата во која имало ливче со телефонскиот број на поранешниот сопруг на Ана.

– Последен пат ја видов Ана на 15 март на Звездара. Тој ден отидовме кај кабелскиот оператор за да ја префрлиме сметката за кабелска телевизија од Ана на мое име – рекол поранешниот сопруг на Ана.

Како што рече, девет дена подоцна му се јавиле дека Ана ја оставила чантата во автобус. Имено, во чантата имало хартија со телефонски број за контакт.

Како што изјави поранешниот сопруг на Ана за Телеграф, нејзиното исчезнување го пријавил во локалната полиција, но до ден денес нема информации за неа.

Според неофицијални информации, исчезнувањето на Ана во полиција го пријавило нејзиното семејство на 28 март. Тој апелира до луѓето да се јават доколку имаат информации за Ана на телефонскиот број 061 102 95 83.

ПретходнаСе забели во одредени делови од Балканот – ова се деталите
СледнаТасев: За доброто и во Македонија да стаса – треба на избори да се гласа