ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Силјановска-Давкова во Валандово се сретна со Ѓорге Иванов: Размената на искуства и...

Силјановска-Давкова во Валандово се сретна со Ѓорге Иванов: Размената на искуства и мислења се значајни!

126

Кандидатката за претседател на Македонија – Гордана Силјановска-Давкова, се сретна со поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов. Таа напиша дека средбата минала во пријатна атмосфера, а разговарале на многу теми.

„Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои“ – напиша Силјановска-Давкова на социјалните мрежи.

ПретходнаМицкоски: Пендаровски 5 години не даде став, а вели осудувал криминал
СледнаВладата донесе конечна одлука: ЕВН Македонија ќе биде универзален снабдувач