ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

172

На 12.04.2024 вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ“ со ул.„Киро Крстевски“ и со ул.„Боте Боцевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, се вели во соопштението на МВР.

ПретходнаЕден загинат во несреќа на жичница кај Анталија, над 170 луѓе останаа заглавени во кабините
СледнаИмам план за сосема нов Устав, рече Ванковска во Охрид