ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта, посочи Мицкоски

Граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта, посочи Мицкоски

20

-Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Сакам да ги предупредам граѓаните, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат, изјави лдерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола.

„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи. Сакам да им порачам, бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“, рече Мицкоски.

ПретходнаЛатас: Проблем е носење пиштол со себе и тоа со наполнет шаржер
СледнаАнчелоти: Имаме доволно квалитет за да го елиминираме Манчестер Сити