ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Во Скопје претепани жени од сопруг, девер, партнер…

Во Скопје претепани жени од сопруг, девер, партнер…

443

Вчера 26 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг. Тој пак пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.

Во Скопје 60 – годишна жена пријавила дека вчера на подрачјето на Шуто Оризари, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот девер С.Ш. (66) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Пак во Скопје, 51 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер М.Т. (52) од Скопје.

45 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг М.К. (55) од Скопје.

За сите овие случаи се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПретходнаНајстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
Следна(ВИДЕО) Град во Словачка прогласи вонредна состојба: Мечка напаѓа луѓе на улица