ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР „Ќе ви ја раскажам вистината за исчезнувањето на Данка“ – вујкото ги...

„Ќе ви ја раскажам вистината за исчезнувањето на Данка“ – вујкото ги опиша фаталните минути во Бањско поле

5170

Вујкото на исчезнатата Данка Илиќ во Србија по Србија по која се трага веќе седум дена зборуваше што се случувало кобниот ден од исчезнувањето на девојчето, тврдејќи дека тоа е вистината и коментирајќи дека медиумите ретко пишуваат за неа.

Рече дека на последната фотографија од Данка Илиќ којашто била направена на кобниот ден таа е заедно со нејзиниот постар брат, а оддалечена е околу 30 метри од него и далеку од мајката којашто во тој миг фотографирала.

Вели дека можеби некој тогаш се криел, чекајќи го вистинскиот момент. Фотографијата била направена во 13 часот и 30 минути.

Сестра му, како што тврди вујкото, потоа отишла до автомобилот да донесе вода, а течноста била на совозачкото седиште.

Тоа се тие неколку секунди кога Данка исчезнала, тврди вукото, додавајќи дека не е вистина оти надвор врнело силен дожд. Сестра му потоа панично го барала девојчето, и не пријавила веднаш оти барала, а потоа се јавила и кај нејзиниот сопруг да го извести, кажа тој за „Блиц“.

За Драгомировиќ нема ништо спорно што мајката ја сликала Данка непосредно пред исчезнувањето, бидејќи нејзиниот телефон е полн со фотографии од нејзините деца.

ПретходнаУтре истекува рокот за поднесување на изборните листи до ДИК
СледнаШумски пожар во општина Демир Капија