ПОЧЕТНА СВЕТ Тешка автобуска несреќа во Германија, се преврте автобус со ученици

Тешка автобуска несреќа во Германија, се преврте автобус со ученици

495

За само неколку дена се случи повторно тешка автобуска несреќа во Германија.

На автопатот 44 во покраината Северна Рајна-Вестфалија, ноќеска во несреќата се повредени над 20 лица.

Во автобусот биле околу 60 патници. Автобусот излетал од патот и се превртел, а во него имало и ученици од Варбург. Учениците се враќале од патување во Англија.

Има едно тешко повредено лице, но никој не е во животна опасност. Причината за несреќата сѐ уште се испитува.

Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица.

ПретходнаЧЕТВРТИ ДЕН: Родителите во фокусот на полицијата – што е сомнително во случајот со малата Данка?
СледнаМицкоски: Седењето дома на изборите е глас за оние што ја уназадија Македонија