ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Седењето дома на изборите е глас за оние што ја уназадија...

Мицкоски: Седењето дома на изборите е глас за оние што ја уназадија Македонија

36

Денеска праќаме јасна и недвосмислена порака да се излезе и да се гласа на претстојните избори затоа што седењето дома е глас за оние што речи си седум години не направија ништо, напротив, за однесоа македонија наназад, изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по потпишувањето на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се фокусирани на позитивна кампања за разлика од власта, која, како што рече тој, е фокусирана на негативна, црна кампања.

„Сакаме пред граѓаните да излеземе со понуда и со решенија за проблемите што секојдневно ги чувствуваат. Конечно сакаме да ја вратиме надежта дека може да биде и поинаку и дека не се сите политичари и политики исти“, рече Мицкоски.

Прашан како ја оценува работата на сѐ уште актуелните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека секогаш може подобро, но дека овој состав покажал вонсериска и вонредна цврстина.

„Задоволен сум од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од овој пратенички состав затоа што покажаа карактер и јасна обединестост, нешто што досега не беше видено на македонската политичка сцена. Покажаа вонсериска и вонредна цврстина. Беа конструктивни кога требаше да бидат, ги штитеа интересите на граѓаните и државата кога требаше да ги штитат. Ценам дека идните пратеници ќе покажат како е, не само во опозиција, туку и како мнозинство, обединети, сложни и заедно да поддржат еден реформски процес во кој Македонија ќе биде трансормирана онака како што сакаше мојата, вашата, нашата генерација да ја види“, рече Мицкоски.

На денешната прес конференција ѝ претходеше потпишување на Повелбата за стратешко коалицирање наречена „Твоја Македонија“.

ПретходнаТешка автобуска несреќа во Германија, се преврте автобус со ученици
СледнаПолскиот премиер: Европа е во предвоена состојба, следните две години решаваат сè