ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Променливо облачно со врнежи од дожд, попладне намалување на облачноста

Променливо облачно со врнежи од дожд, попладне намалување на облачноста

106

Претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од петок следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурата.

ПретходнаУДАРНА ВЕСТ: Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси
СледнаСе проверуваат телефоните на родителите – Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден