ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мартин Мирчевски, скопјанец кој донира: Со доброто враќам за хуманоста што сум...

Мартин Мирчевски, скопјанец кој донира: Со доброто враќам за хуманоста што сум ја почуствувал

102

Празничните денови вообичаено се и периоди која кај луѓето се буди и поривот за хуманост. Чувството е дека радоста во тие денови треба да ја почувствуваат сите. А неволјата и проблемите кои ги имаат некои луѓе, сигурно, ќе бидат помали ако им се помогне, макар и со малку.

Но, за некои луѓе со добро срце овој период е само уште еден во кој до израз доаѓа нивната добрина и желбата да им се помогне на другите. Така, и годинава, во текот на претстојните празници, пак ќе го прават нешто добро, како и во изминативе години.

Текстот продолжува после видеото: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

Таков е случајот и со скопјанецот Мартин Мирчевски, 32-годишен скопјанец, дипломиран економист по професија, вработен во ИТ-индустријата. Тој, деновиве, ја врачи донацијата во пари на Банка за храна на Македонија за да им се помогне на сиромашните, на оние кои немаат доволно. Со тие пари се купени одредени количества на храна и други производи кои, потоа, ќе бидат поделени на најзагрозените.

Ова не е за првпат како Мартин помага. Вака прави веќе петта година по ред. Секогаш кога се големи празници наоѓа начин и средства да донира за луѓе во неволја.

-Така права, оти така чуствувам но и има и посебна причина. Со моето семејство своевремено сме биле во тешка финансиска состојба која понатаму влијаела во формирањето на моите сфаќања за светот. Тогаш сме почувствувале како е тоа кога ќе ти помогне некој кога ти е најпотребно, како е тоа кога некој со тебе ќе ја сподели тешката сосотојба. Верувам дека тука некаде во мене се раѓа тој порив да се помогне на оние кои имаат потреба, ни објаснува Мартин.

Целиот текст на Скопско Ехо – клик ТУКА.

ПретходнаИ Виена ќе научи за нас: Македонски државјанин обвинет дека држел девојка како сексуална робинка
СледнаМакедонски концепт најави борба за изборите – Богојевски: Ние сме „Партија на народот“