ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонски концепт најави борба за изборите – Богојевски: Ние сме „Партија на...

Македонски концепт најави борба за изборите – Богојевски: Ние сме „Партија на народот“

89

Политичката партија „Македонски концепт” најави учество на следните парламентарни избори 2024 година, преку промоција на клучни пораки од предизборната програма #Рестарт’24 и песната „Земјо моја” од проф. д-р. Јане Коџабашија како Химна на партијата.

Лидерот на партијата Петар Богоjевски пред присутните изјави дека тие се константа и не менуваат ставови, а очекуваат граѓаните да ги разберат.

– Направивме партија не за нас, туку за народот, затоа и слоганот на партијата е „Партија на народот”. Често има критики дека не ни се јасни ставовите, но мислам дека нема партија со покристално јасни ставови од нас, рече Богоjески.

Посочи дека како партија точно знаат каде треба да движи државата во иднина, како Република на еднакви можности за секој роден во Македонија, со најниски даноци, за граѓански устав и вработувања по компетенции и квалитет, а не по етничка основа.

– Имаме проблеми со ЕУ, но ние имаме решение, а тоа е граѓанскиот Устав. За разлика од сите партии што препелкаат во блато, ние точно знаеме каде одиме, каде се движиме и како ќе ја внесеме оваа земја во Европската Унија. Имаме проблем со бугарски договор, но ние имаме решение. Тој договор е раскинат од страна на Бугарија, само во Македонија нема храбри луѓе тоа да го констатираат. Ние тоа само ќе го констатираме. Имаме проблеми со имплементација на Преспанскиот договор, но исто така ние имаме решение. Нашата максима е – нема влез во ЕУ, нема Северна. Или преговори или согласно одредбите на Преспанскиот договор, суспендираме „северна” за внатрешна употреба. Имаме проблеми со Охридскиот договор, но имаме решение, а тоа е граганскиот Устав без Бадентер и без балансери, рече Богоевски.

На настанот се обратија и претседателката на МЖК – женската асоцијација на партијата, Виолета Попоска Миташевска и авторот и промотор на Химната „Земјо мила” проф. д-р. Јане Коџабашија. Виолета Попоска Миташевска истакна дека од „нас жените зависи” колку ќе успееме, и дека партијата Македонски Концепт е отворена за сите можности.

– Во Македонски Концепт ОД НАС ЖЕНИТЕ ЗАВИСИ колку ќе успееме! Отворени ни се сите можности! Затоа и нашето лого има слоган „Од нас зависи!”. Семејство и кариера, одат заедно, рака под рака! Во нашата партија и двете подеднакво се почитуваат!

Таа се заложи за враќање на изгубените норми и вредности во општеството и морални и етички принципи засновани на трајните семејни вредности и македонска традиција.

– Упатувам апел до сите мајки, да се избориме за подобра иднина на нашите деца, тука, дома во Македонија. Да ги сочуваме нашите деца Свои на Своето, како деца на Нација со длабок корен и светла иднина. Жената има моќ да испише историја, создаде подобро утре и остави белег во светот.

ПретходнаМартин Мирчевски, скопјанец кој донира: Со доброто враќам за хуманоста што сум ја почуствувал
СледнаСтрашна вест ја потресе Македонија: Бебето умрело во матката, а по два месеци и родилката на Клиниката за гинекологија