ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Слаба игра на Македонија, Црна Гора со минимална победа

Слаба игра на Македонија, Црна Гора со минимална победа

86

Македонската фудбалска репрезентација го загуби пријателскиот натпревар од Црна Гора со 1-0, избраниците на Благоја Милевски одиграа неубедливо на вториот меч во Анталија и заслужено беа поразни.

Селекторот Милевски направи неколку замени во однос на претходниот меч, пред се во одбраната, додека Роберт Просинечки излезе со речиси вториот тим на Црна Гора, тие што играа против Белорусија со исклучок на Јоветиќ беа на клупата.

Македонија тргна многу подобро на почетокот од мечот, Црногорците изгледаа загубено, но не го искористивме тој моментум. Се заканивме еднаш преку Елмас со шут од далечина, но голманот на Црна Гора го одбрани неговиот удар.

Како одминуваше натпревариот ние ја губевме моќта, а Црна Гора изгледаше се порамноправно. Пред самиот крај на првиот дел Јоветиќ постигна гол по еден центаршут од корнер за водство на Црногорците од 1-0.

Се очекуваше Македонија да се обиде во вториот дел да ја анулира негативата, но наместо тоа ние изгледавме полошо отколку во првото полувреме.

До крајот на натпреварот не создадовме ниту една шанса за гол, јалово напаѓавме, противникот лесно се бранеше и се обидуваше од контри да го загрози голот на Димитриевски. До последниот свиреж ништо не се промени, Црна Гора заслужено го доби мечот.

Македонија од Анталија се врати со реми против Молдавија и пораз од Црна Гора.