ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ ја презентира изборната програма: Доаѓа крај на попустлива надворешна политика

ВМРО-ДПМНЕ ја презентира изборната програма: Доаѓа крај на попустлива надворешна политика

131

Муцунски повтори дека во постоечките политички услови нема да има уставни измени, додавајќи дека „одложната примена на уставните измени е една легитимна алтернатива којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ“. „Истовремено, од наша страна ќе се бараат гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик, но и гаранција дека веќе нема да имаме билатерализација на европската интеграција на нашата држава“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Доаѓа крај на попустлива надворешна политика, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на програмската дебата насловена „Дипломатски хоризонти – реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија” во рамки на целодневниот настан на кој опозициската партија презентира сегменти од изборната програма „Платформа #1198″.

„Она што треба да го знаат нашите сограѓани доаѓа крај на попустлива надворешна политика, која имаше само една цел во последните години, а тоа е да ги штити тесните интереси кои што беа на власт“, рече Муцунски.

Полноправно членство во ЕУ е основниот приоритет на надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, но повтори дека ставот на партијата за спорот со Бугарија е јасен, а тоа е дека нема да има уставни измени во постоечките политички услови.

„Без никаков сомнеж, одложната примена на уставните измени е една легитимна алтернатива којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, од наша страна ќе се бараат гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик, но и гаранција дека веќе нема да имаме билатерализација на европската интеграција на нашата држава“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПретходнаКај Арачиново маж погоден со куршум во главата
СледнаЛошата вест се потврди: Почина Мирко Попов