ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Илјадници вработени нема да добијат зголемени плати ако се донесе пакетот закони...

Илјадници вработени нема да добијат зголемени плати ако се донесе пакетот закони за администрација, велат од КСС

272

Минималната плата порасна, усогласувањето за администрацијата неизвесно, велат од конфедерацијата на слободни синдикати. На една недела пред распуштање на Собранието, за во вторник е ставен на гласање пакетот за административните службеници. Меѓу четирите е и законот со кој минималната плата ќе се тргне од пресметката, па илјадници вработени нема да добијат покачување од 2.300 денари, тврди КСС. Ги повикаа пратениците да не гласаат оти законите се штетни и предложени од Азир Алиу кој повеќе не е министер.

„Предлагачот на законот за административни службеници веќе не е член на владата и ако продолжат да го туркаат како таков со нелегитимен предлагач мислам дека ќе направат кривично дело како што прават многупати низ годините и носат многу закони без да имаат заклучок на социо-економскиот совет, без да влезат во Владата“ – Благоја Ралповски, претседател на КСС

Ралповски изнесе и детали од социо-економскиот совет одржан вчера. Кажа дека претставниците од финансии и економија, како и вицепремиерот Битиќи, биле против усогласувањето.

„Побаравме да се даде препорака на Владата да се почитува членот 8 и да се направи усогласување во рок од 6 месеци како што пропишува законот и предлогот беше ставен на гласање. Министерот за труд и социјала гласаше ЗА, но заменик министерот за економија, заменик министерот за финансии и вицепремиерот гласаа ПРОТИВ“ – Благоја Ралповски, претседател на КСС

Околу 27 илјади работници од април ќе имаат покачена минимална плата во износ од 22.500 денари. Синдикатите вчера побараа во првите 100 дена од новата Влада пак да има зголемување оти трошоците растат побрзо од платите.

ПретходнаВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Куче фрлено од седми спрат во Тетово
СледнаОд утревечер дожд и опаѓање на температурите