ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од утревечер дожд и опаѓање на температурите

Од утревечер дожд и опаѓање на температурите

636

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h), информираат од УХМР.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд.

Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

ПретходнаИлјадници вработени нема да добијат зголемени плати ако се донесе пакетот закони за администрација, велат од КСС
СледнаУвоз на работна сила: Работници од Непал ќе работат во прилепската текстилна индустрија