ПОЧЕТНА ЗАБАВА Жена родила три деца во рок од 10 месеци – објасни како...

Жена родила три деца во рок од 10 месеци – објасни како е тоа можно (ВИДЕО)

118

Сарита Холанд (41) од Мелбурн ги шокира корисниците на социјалните мрежи кога откри дека за 10 месеци родила три деца – но тие не се тројки.

Прво се родила ќерката Стиви, а малку подоцна и идентичните близнаци Кип и Боуви, пренесува The Sun.

„Дека сум повторно бремена, дознав откако ќерка ми наполни 10 месеци. Звучи лудо, но така се случи“, објаснила Сарита.

Момчињата се родени предвреме, во 30 недела и пет дена, што значи дека сите наследници се на иста возраст.

Мајката признава дека не било лесно да се грижи за бебето додека носи близнаци.

„За среќа, имав мирна бременост. Ситуацијата беше апсолутно луда и можете да го замислите мојот шок“, рече таа.

Сарита се пошегува дека „животот ќе стане многу поскап“ кога нејзините деца ќе наполнат 18 години.

Необичната приказна од Мелбурн предизвика голем број коментари на TikTok, каде Сарита ја објави својата приказна.

@saritaholland We survived (just) 👏 #3babiesunder1 #busymum #irishtriplets ♬ original sound – sarita holland

ПретходнаТрагедија која ги шокираше сите: Како е можно – Тркало испадна од автобус и усмрти жена, бизарна несреќа се случи во Белград
СледнаПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧАР СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Мирко Попов добил мозочен удар