ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Утре започнува формирањето на Европскиот фронт? – Али Ахмети се очекува да...

Утре започнува формирањето на Европскиот фронт? – Али Ахмети се очекува да потпише договор со коалиционите партнери

223

Шефот на ДУИ за утре најави прес-конференција на која најверојатно конечно може да се запечати Европскиот фронт.

Како што дознава ТВ21, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ќе ги собере сите коалициски партнери да го потпишат договорот за заеднички настап на изборите.

Од досега споменатите, се очекува ДУИ на Ахмети како иницијатор на оваа идеја, АА-крилото на Зијадин Села, ДПА на Мендух Тачи, ЕДП на Аријанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи – Зејд да бидат дел од овој фронт.

ТВ21 дознава дека лидерот на Интегративците Ахмети веќе го има подготвено тимот против ВРЕДИ со кој ќе се натпреварува за парламентарните избори на 8 мај.

Албанскиот блок е поделен на два табора, едниот е на гореспоменатите партии кои се моментално на власт, а другиот на опозициските партии кои се здружија во коалицијата ВРЕДИ, составена од крилото АА на Арбен Таравари, Движењето Беса на Биљал Касами, Демократско движење на Изет Меџити, Алтернатива на Африм Гаши, кои имаат поддршка и од Движењето Самоопределување од Косово.

ПретходнаУште два нови случаи на пертусис во Куманово
СледнаМОРА да ги прочитате: Ова се 7-те работи со кои СДСМ треба да се пофали, пишува Никола Тасев