ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Денес кандидатура за претседател поднесе Гоце – има рок до петок да...

Денес кандидатура за претседател поднесе Гоце – има рок до петок да собере 10.000 потписи

50

Ново име се појави на листите за собирање потписи во трката за кандидат за претседател на државата.

„Денес, до Државната изборна комисија е доставена иницијатива за собирање потписи за кандидатура за претседател на Република Северна Македонија од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на целата територија на државата“, велат од ДИК.

Нема информации кој е Гоце Ристов и од каде доаѓа.

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата.

ВМРО-ДПМНЕ, официјално, на конгрес ја потврди поддршката за Гордана Силјановска-Давкова, а СДСМ за реизбор на актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски. И двајцата, и покрај загарантираниот влез со 30 пратеници, собраа и над 10.000 граѓански потписи.

Претходно, потребниот број потписи го собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ, Билјана Ванковска од Левицата и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

Рокот за собирање потписи истекува на 8 март на полноќ.

ПретходнаСНЕГ на повеќе патни правци во Македонија – ова се деталите
СледнаАвтомобил излетал од патот и паднал во Охридското Езеро