ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Макрон за нуклеарната закана на Путин: Франција е нуклеарна сила, ние сме...

Макрон за нуклеарната закана на Путин: Франција е нуклеарна сила, ние сме подготвени

265

Францускиот претседател Емануел Макрон ги коментираше заканите на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија за нуклеарна војна.

Во таа прилика Макрон рече дека Франција е нуклеарна сила и дека е несоодветно да се упатуваат такви закани кога „имате нуклеарно оружје“.

– Прво и основно мора да се чувствуваме заштитени, бидејќи сме нуклеарна сила. Подготвени сме, имаме доктрина за употреба на нуклеарно оружје – изјави Макрон за телевизиските канали TF1 и France 2.

Потсетиме дека Путин претходно изјави дека Русија е технички подготвена за нуклеарна војна и дека ако САД испратат војници во Украина, тоа ќе се смета за ескалација на војната.

ПретходнаСредба на Шолц, Туск и Макрон во Берлин за поддршка на Украина
СледнаЕК размислува за забрана за увоз на руски земјоделски производи