ПОЧЕТНА СВЕТ Средба на Шолц, Туск и Макрон во Берлин за поддршка на Украина

Средба на Шолц, Туск и Макрон во Берлин за поддршка на Украина

66

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, по несогласувањата меѓу лидерите поради разликите во мислењата околу поддршката за Украина.

Ним ќе им се придружи полскиот премиер Доналд Туск на итните консултации за понатамошна европска воена поддршка за Киев.

Украина се соочи со серија неуспеси на бојното поле во одбивањето на руските трупи, бидејќи украинските сили се соочија со критичен недостиг на муниција, а помошта од западните сојузници се намали.

Големиот пакет помош од 60 милијарди американски долари останува блокиран во американскиот Конгрес од страна на републиканците, а претседателот на САД Џо Бајден призна дека привремената поддршка од 300 милиони американски долари објавени во вторникот „не се ни приближно доволни“.

– На Париз, Берлин и Варшава е да ја мобилизираат цела Европа за да и помогнат на Украина, рече Туск.

Сепак, разликите меѓу Макрон и Шолц се закана на соработката меѓу сојузниците, коментираат аналитичарите.

Европските партнери на Германија изразија негодување поради одбивањето на Шолц да ги испорача германските ракети со долг дострел Таурус на Украина, и покрај итните повици од Киев.

ПретходнаЗа една недела – 43 случаи на пертусис, хоспитализирани уште пет деца во државава
СледнаМакрон за нуклеарната закана на Путин: Франција е нуклеарна сила, ние сме подготвени