ПОЧЕТНА ЗАБАВА Од куќата на Ражнатовиќ пристигнуваат не толку среќни вести: Се огласи Вељко…

Од куќата на Ражнатовиќ пристигнуваат не толку среќни вести: Се огласи Вељко…

732

ажна објава на Вељко Ражнатовиќ за роденденот на сопругата Богдана.

Вељко Ражнатовиќ, познат боксер и наследник на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, вчера имаше голема причина за славење, бидејќи неговата бремена сопруга Богдана го прослави својот роденден.

И наместо двојна прослава, Вељко Ражнатовиќ ги изненади сите со тажната објава на својот инстаграм-профил.

Имено, вчера имаше меч против Хамлет Харутјуњ од Ерменија, во кој, за жал ,загуби, а ова е негов прв пораз откако почна професионално да се занимава со бокс.

По натпреварот, Вељко се огласи преку Инстаграм, со честитки до противникот, но и фотографија од повредата.

Изгубив во лавовска борба со поделена одлука на судиите. Реално, можеше да победиме и јас и тој, но ништо, секоја чест за противникот од Ерменија, натпреварот беше одличен. Големо искуство за мене и слава му на Бога, слава на Исус Христос, да продолжиме понатаму, Божја волја, поздрав – најави Вељко, додека во пределот на веѓата му се гледа една гребнатинка.

Судејќи по неговите зборови, јасно е дек не е многу разочаран од поразот, а не претрпе ни страшна повреда. Како што еднаш истакна, поразите се составен дел од спортот, па затоа е подготвен за нив.

ПретходнаАПИС: Признание за сите пратеници кои не го поддржаа законот за игри на среќа – спасија илјадници работни места
СледнаУЖАСОТ продолжува: Нов земјотрес во Црна Гора