ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

Двапати неделно ќе има летови од Скопје до Рига со Ер Балтик

41

Националниот превозник на Латвија Ер Балтик, двапати неделно ќе лета на линијата Скопје до Рига за време на летната сезона, се до 30 септември. Цената на летовите почнува од 89 евра во еден правец, според тоа што е наведено на сајтот на компанијата.

За време на летната сезона ќе има летови и до останати локации, најголем дел веќе препознатливи за овој дел од годината. Од Скопје ќе може да летате за летниот период до: Хургада, Енфида, Анталија, Бодрум, Џерба и Монастир.

Претходна40 дена притвор за македонски државјанин баран со меѓународна потерница
СледнаПендаровски од Ресен: Јас нудам прогрес