ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АПИС: Признание за сите пратеници кои не го поддржаа законот за игри...

АПИС: Признание за сите пратеници кои не го поддржаа законот за игри на среќа – спасија илјадници работни места

70

Реакцијата на Асоцијацијата на приредувачи на игри за среќа (АПИС) следува по вчерашното продолжение на 145. пленарна седница на Собранието на која измените на законот за игри на среќа добија 51 глас „за“, односно десет помалку од потребните 61 согласно што законот ќе се сметаше за усвоен во повторената постапка
Откако законот за игри на среќа на вчерашното повторено гласање во Собранието не го доби потребното мнозинство од 61 глас за формално да се смета за усвоен, Асоцијацијата на приредувачи на игри за среќа (АПИС) преку писмено соопштение оддаде признание за сите пратеници кои не ги поддржаа измените.

„И покрај агресивната долготрајна негативна кампања против игрите на среќа, предизборните притисоци, мнозинството пратеници останаа доследни на ставот дека нема да дозволат злоупотреба на ЕУ-знамето за законски измени кои немаат никаква врска со хармонизација со европското законодавство. Покажаа дека имаат слух за нашите аргументи, го заштитија Уставот и спасија илјадници работни места“, наведуваат од АПИС во писменото соопштение.

Во оваа насока, од Асоцијацијата благодарност изразија и до официјалните претставници на Европската Унија за укажувањето оти нема да премолчат злоупотреби кои нанесуваат штета на европските демократски вредности.

Од АПИС додаваат оти се создава погрешен впечаток дека тие се против законски измени, туку, како што велат, се против популистички, политички и бизнис мотивирани одлуки кои се косат со уставниот поредок.

Додаваат оти инситуциите треба да ги земат предвид искуствата од соседните земји, а за пример ја земаат одлуката на албанскиот парламент да ја укине забраната за приредување игри на среќа од 2019, која, како што велат, од АПИС, е донесена на предлог на Европската комисија со цел справување со дивите играчници.

Реакцијата на Асоцијацијата на приредувачи на игри за среќа (АПИС) следува по вчерашното продолжение на 145. пленарна седница на Собранието на која измените на законот за игри на среќа добија 51 глас „за“, односно десет помалку од потребните 61 согласно што законот ќе се сметаше за усвоен во повторената постапка.

Измените на законот за игри на среќа се вратија пред пратениците на повторно одлучување откако шефот на државата Стево Пендаровски на 13 февруари одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот поради тоа што процедурата се одвиваше со европско знаменце.

ПретходнаСобрание: Не се исполнети условите за усвоjување на законитe за игри на среќа
СледнаОд куќата на Ражнатовиќ пристигнуваат не толку среќни вести: Се огласи Вељко…