ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Коалиција “ВЛЕН„: Дали ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да...

Коалиција “ВЛЕН„: Дали ДУИ е подготвена да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз

28

Серија симптоматични потези на раководството на ДУИ заедно со Извештајот на ОДИХР за потенцијалните ризици за изборите, кој ќе биде тема во Австрија на средбата на Габриел Ескобар со ОБСЕ, ни дава за право основано да се сомневаме во намерите на очајните губитници, кои на 08 мај ќе треба после 20 години да се префрлат во опозиција, обвинува Орхан Муртезани од Коалицијата ВРЕДИ.

-Во продолжение целото негово обраќање на прес конференцијата.

Еве ја хронологијата на крајно симптоматичните нивни ставови. Прво, Али Ахмети во февруари во Косово изјави дека сега не е време за Претседател Албанец. Второ, Артан Груби кога ДУИ стана свесен дека не може да најдат начин да спречат ВЛЕН да има претседателски кандидат, објави на фејсбук “Само Али Ахмети” , алудирајќи дека тој ќе биде нивен претседателски кандидат. Трето, кога Арбен Таравари објави дека станува претседателски кандидат на ВЛЕН, Али Ахмети се исплаши дека ќе биде поразен и одлучи да го жртвува Бујар Османи, со идејата за уставни измени за промена на изборот на претседател и воведување нова функција заменик претседател, како услов на ДУИ за било каква коалиција со Македонските партии. Потоа, на промоцијата на Бујар Османи на Кале, Али Ахмети излезе со четврта “пишман аџија” теза, односно го промовираше слоганот “Дојде време за првиот претседател Албанец”.

Никогаш порано ДУИ не изгледал позбунето и поисплашено. Тргнувајќи од онаа народната “очајникот се фаќа за сламка”, земајќи го предвид Извештајот на ОДИХР кој прогнозира можна нестабилност и небезбедни избори, имаме основано право да се сомневаме дека ДУИ е подготвен да предизвика политичка криза за да не го признае извесниот пораз кој следи. Не смееме да занемариме дека претседателскиот кандидат на ДУИ до вчера беше Претседавач на ОБСЕ и имал или морал да има увид и да учествува во изготвување на овој Извештај. ДУИ нема право да зборува за Прв претседател Албанец бидејќи наместо да го подржи Арбен Таравари одлучи да се обиде да ја саботира можноста тоа да се случи сега, веднаш во 2024. Никој не може да застане на патот на промените кои ги посакува Албанскиот народ и тие ќе се случат. ВЛЕН ќе формира Влада, победата е сигурна. Апелот до граѓаните е масовно да гласаат и да изберат 20 пратеници на ВЛЕН за да го направиме тоа што ДУИ не успеа да го направи за 20 години владеење. Ние ќе бидеме клучен фактор за исполнување на полноправно членство во ЕУ и гарантор за стратешкиот колосек на државата. А за сите корупциски скандали на дел од раководството на ДУИ следи одговорност.

ПретходнаПочина академик Јордан Поп-Јорданов
СледнаТаткото на Вања: Важно ми е да има разрешница за да одлучам дали ќе останам на овој или ќе се придружам на другиот свет