ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ХОРОР, УЖАС: Патничка паднала во автобус на ЈСП „Скопје“, добила тешки повреди

ХОРОР, УЖАС: Патничка паднала во автобус на ЈСП „Скопје“, добила тешки повреди

3688

Настанот, како што велат од МВР, се случил вчера во 08:15 часот во автобус на ЈСП „Скопје“ на булеварот „Видое Смислевски Бато“.

Патничка паднала во автобус на ЈСП „Скопје“ и се здобила со тешки телесни повреди, се наведува во дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Настанот, како што велат од МВР, се случил вчера во 08:15 часот во автобус на ЈСП „Скопје“ на булеварот „Видое Смислевски Бато“ кога 84-годишната скопјанка Н.Ј. паднала во автобусот.

Патничката била пренесена во Градската општа болница „Св, Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од Министерството информираат дека екипа на СВР Скопје веднаш извршила увид.

ПретходнаМитева: После историскиот одзив од 28.000 потписи за Силјановска, остануваме посветени на промените за подобра иднина
СледнаШеваљ Муареми во Дубаи – МВР распиша потерница и бара негова екстрадиција