Педесет и едногодишен жител на гостиварско село, вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека во ноември минатата година се договорил со лице Џ.Н. да му обезбеди возачка дозвола без да полага возачки испит, за што во два наврати му дал 1600 евра.
Но, според пријавеното, ниту добил возачка дозвола, ниту му биле вратени парите, по што сфатил дека е измамен.
Се расчистува и документира случајот.