ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПУКНЕ БРУКА: Новиот директор на М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува...

ЌЕ ПУКНЕ БРУКА: Новиот директор на М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите за директор на оваа институција

195

Сознанијата на „360 степени“ велат дека министрите во текот на денешната владина седница не биле свесни за условите од Статутот на М-НАВ и дека никој за тоа не алармирал ниту од стручните владини служби.

„360 степени“ и лично го побара Илир Мехмеди за да го праша дали ги исполнува условите од Статутот на М-НАВ. На конкретното прашање дали поседува валидна дозвола на надзорен контролор на летање, тој беше неодреден во одговорот, со образложение дека ништо се уште не е официјално.

Информацијата од Владата дека на денешната седница во пакет со препораката за разрешување на двајца од тројцата членови на Управниот одбор на М-НАВ се утврдени и предлози за нивни наследници, отвори дилема за тоа дали едниот од нив ги исполнува условите да стане дел од раководството на институцијата.

Станува збор за Илир Мехмеди, кого Владата го предлага на местото на Фахрудин Хамиди, претседатал на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор за воздухопловна навигација.

Статутот на АД во државна сопственост М-НАВ, во член 17, предвидува:

„Еден од членовите на Управниот одбор ја води, организира и е одговорен за давање на услуги во воздухопловната навигација и носи назив – извршен директор за воздухопловната навигација. Членот се избира од редовите на вработените и мора да има стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејноста на Друштвото, да поседува валидна дозвола на надзорен контролор на летање и најмалку шестгодишно работно искуство како надзорен контролор на летање“.

Целиот текст на „360степени“ – клик ТУКА.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба