ПОЧЕТНА ЗАБАВА Жена се породила во авион на лет од Јордан до Лондон

Жена се породила во авион на лет од Јордан до Лондон

49

Жена се породила во авион на летот од Јордан до Лондон и родила здраво девојче, a ѝ помогнал лекар кој бил во авионот, јави Би-Би-Си.

Доктор Хасан Кан, кој со тој лет се враќал дома од одмор, рекол дека во саботата наутро, на летот од Аман, Јордан до аеродромот Лутон во Лондон, екипажот повикал лекар, а жената лежела на подот пред пилотската кабина и дека таа вода пукна.

Кан (28), кој работи во болница во Есекс, Англија, рече дека авионот потоа бил пренасочен на аеродромот во Бриндизи, во јужна Италија, за да може 38-годишната жена и нејзиното бебе да бидат префрлени на болница, пренесува Танјуг.

Лекарот рече дека семејството го известило од болница дека и мајката и бебето се добро.

ПретходнаПетровска: Законот за вработени во одбраната е според НАТО стандардите
СледнаЛевица: Нефи Усеини искрши спомен плоча на НОБ во Охрид