ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонците ќе можат да работат во Србија и Албанија без работна дозвола

Македонците ќе можат да работат во Србија и Албанија без работна дозвола

62

Македонците со еден клик ќе може да работат во Србија или Албанија. Отворен Балкан ги отвора вратите за работници. Потребен е само идентификациски број, без дополнителни процедури.

Заинтересираниот треба да направи профил на сајтот е-услуги и да поднесе барање за сертификат. На имејл се добива документ со код и со него ќе може да аплицира за работа.

По проверка на апликацијата, најдоцна до 30 дена се носи конечна одлука, а по одобрението, лицето може да се вработи под исти услови како локален граѓанин во земјата каде аплицирал, за период до две години. По истекот, овој рок може да се продолжи.

Со ова, Македонија, Србија и Албанија стануваaт еден пазар трудот, но тука се отвора дилемата дали и колку ќе можат да си помогнат, кога кадарот кој го снемува кај нас, се помалку го има и кај нив. Според податоците, во сите три држави недостасува медицински кадар, мајстори и работници во угостителството, оти многу работници се селат во западните земји каде се далеку поплатени.

Од Организацијата на работодавачи велат земјава може да ќари сезонски работници.

„Кај нас во Македонија може да очекуваме граѓани од Албанија, особено кои работат сезонски работи, во земјоделието или овоштарството, дел во градежништвото, може за нас да биде тоа добро да ги вклучиме во системот. А можеби дел од нашите граѓани би отишле во Србија во некои компании кои не верувам дека ќе им пружат повеќе отколку во Хрватска или Германија. Но, во секој случај мислам дека придобивките како слобода на граѓаните се поголеми отколку проблемите што би настанале во нарушување во тој пазар на труд“ – Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија

Според стопанската комора на северозападна Македонија, пак, ова е чекор напред, но треба да се внимава на долгорочен план

„Ќе се отвори една врата на можност за нашите компании да бараат експерти или работна сила од нашите соседни земји што ќе влијае позитивно врз нашиот бизнис сектор, а секако и за државата бидејќи вака ќе се намали работата на црно кај некои компании кои веќе неформално вработуваат странци. Што се однесува на негативниот аспект, треба да бидеме претпазливи бидејќи во среднорочен или долгорочен план, ова може да не предизвика проблеми бидејќи како што ние може да увезуваме работна сила од овие земји и тие исто може да увезат работна сила од Македонија“ – Дурим Зекири, Стопанска комора на северо-ападна Македонија

Според Зекири, за Македонија да стане поконкурентна, треба да ги зголеми платите, а да ги намали придонесите, но и да понуди поквалитетни услуги.

Иницијативата Отворен Балкан започна 2019-та со цел да нема граници меѓу трите земји и да има слободен проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Потписниците повикаа да се приклучат и соседите.

ПретходнаДевојка од Петровец била истепана во Аеродром
СледнаНЕ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ОСВОИМЕ 61 ПРАТЕНИК Муцунски вели дека неопходна е позитивна кампања