ПОЧЕТНА СВЕТ Брат му почина: Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот...

Брат му почина: Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални

398

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларен волк“, пренесуваат медиумите во регионот.

Потерницата по неговиот брат е издадена во момент кога семејството на Навални барало да им биде предадено телото на Алексеј, за да можат да го погребаат рускиот опозиционер, пренесува Телеграф.

Засега не се знае зошто е распишана потерницата по братот на Алексеј.

Медиумите потсетуваат дека во 2022 година веќе беше распишана потерница по Олег Навални кога беше обвинет за учество на протест во Москва поради апсењето на неговиот брат Алексеј.

ПретходнаЏабе се сликавте навреме за нов пасош: Еве кои граѓани први ќе дојдат на ред
СледнаГолема трагедија ја потресе Македонија вечерва: Маж на 30-тина години пронајден мртов, ОЈО со детали од несреќата